Здружение на математичари Охрид е здружение на граѓани, наставници и професори по математика, одделенски наставници од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца. Здружението како Друштво на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево е основано во далечната 1978г. за да 1991г биде преименувано во Здружение на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево, додека со најновите законски измени за здруженија се пререгистрира во 2011г во Здружение на математичари Охрид (кратенка ЗМО) ние сме основна клетка на Сојузот на математичари на Р. Македонија (СММ www.smm.com.mk ), во здружението членуваат наставниците и професорите по математика и физика, но и секој оној граѓанин кој ќе сака да биде член е добредојден во нашите редови.
Здружението се грижи за развој на математиката, нуди подршка на сите наставници во реализацијата на наставниот процес, здружението е во состав на Сојузот на математичари на Македонија. Здружението се грижи за организирање и спроведување на Училишен (Општински) натпревар и Регионалниот натпревар по матемнатика за основно образование, како и спроведување на Меѓународниот натпревар Кенгур во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Од 2011г во состав на здружението е оформена секција Шаховска Школа Ласкер која се обидува да го промовира шахот во Охрид како спортска дисциплина која го помага логичкото размислување кај децата www.laskerohrid.weebly.com Како редовна активност на ШШ Ласкер е и организирањето на отворени турнири во шах за учениците од основните училишта во Охрид, како и летната школа во шах во соработка со Здружението " За Трпејца со љубов " на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ што се одржува секое лето од 20 јули до 28 јули во Трпејца Основна дејност на ЗМО е спроведување на Општински натпревар и Регионален натпревар по математика за општините Охрид и Дебрца, им нудиме помош на нашите членови во реализацијата на додатната настава како и организираме дебати и обуки од сверата на нашето делување. Со здружението раководат, со мандат од 21. 04. 2021, следните тела УПРАВЕН ОДБОР проф. Борис Лушески Претседател 078496045 проф. Лилјана Фанкоска проф. Александра Томоска проф. Билјана Стефаноска проф. Виолета Китеска проф. Сезен Таибова НАДЗОРЕН ОДБОР проф. Вера Јовческа проф. Василика Стојан проф. Весна Симоноска |
Програмски документи
|